Секоја жена над 30 години треба да ги знае овие работи- Нема подобар совет од оној даден од друга жена
Дамите ширум светот кои имаат над 60 години, на сајт наменет токму за нив, споделуваат корисни совети на други жени, како да го извлечат најдоброто од животот.
На вебсајтот познат како „Sixtyandme.com“ (мак. Шеесетите и јас), создаден од Маргарет Манинг, може да се најдат невеорјатно корисни совети кои сите жени над 30 години треба да ги знаат.
Животните совети кои се бескраен извор на инспирација и мотивација, се воедно и совети кои секоја жена има потреба да ги слушне и да ги примени:
- Бидете борбена жена. Научете се низ животот да бидете независна и интелигентна.
- Годините се само број, кој на ниту еден начин не треба да ви влијае врз животот.
- Препочитајте да купувате елегантни и класични парчиња облека, бидејќи тие секогаш се во мода.
- Не се грижете доколку сте остареле, многумина ја немаат таа шанса.
- Држете се до едноставните работи и секогаш правете ги работите на полесниот начин, а избегнувајте да ги комплицирате нештата.