Секоја жена треба да прочита: Таа има 39 години, брчки и вишок килограми и пренесува моќна порака за убавината
„Ми беа потребни 39 години, за да го разберам ова и сега сосема сум свесна дека треба да го споделам и со останатите дами“- вели жената.
Една мајка, која по професија е колумнистка и сега наполни 39 години, ја откри суштината на животот и убавината, кон која речиси сите жени ширум светот се стремат да ја постигнат.
Еве што вели таа:
„Ќе ви откријам една голема тајна: Денес сте многу убави! Ми беа потребни 39 години за да го разберам ова и сега сум сосема свесна дека треба да го споделам и со останатите дами.
Еве како го разбрав ова: Додека се подготвувам да се сретнам со 40-те години од мојот живот, би сакала сега да имав штотуку наполнето 30 години. На 30-годишна возраст тежев 10 килограми помалку, отколку сега. Немав брчки на лицето, ниту пак здебелена брада. Кога имав 30 години, бев убава, но јас тоа не го знаев.
Бев фокусирана само на негативните работи- тие 5 вишок килограми, градите кои по доењето започнаа да го губат својот облик и стомакот кој ми остана по бременоста.
Сакав повторно да сум во моите 20-ти години, бев 10 килограми послаба, со затегнати стомачни мускули и нозе, градите ми беа цврсти и заоблени и воопшто не размислував дали имам целулит, при што без проблем носев бикини.
Кога имав 20 години, бев убава, но јас тоа не го знаев. Бев фокусирана само на негативните работи- се споредував со останатите девојки, кои беа послаби и поубави од мене и имаа природна руса коса. Сакав да бидам како нив.
Сега кога сум на прагот на 40-та година и ги разгледувам фотографиите од моите 30-те години, гледам една убава жена. Ги разгледувам фотографиите кога бев во 20-те години и гледам прекрасна девојка. Сега знам дека кога ќе бидам 50 години и кога ќе ги разгледувам фотографиите од моите 40-те години, пак ќе видам една прекрасна жена. Што означува тоа? Тоа значи дека денес сум убава. Исто како и вие! Сакајте се самите себе и вашето тело, вие сте прекрасни!“