Селин Дион испрати моќна порака кон оние кои го критикуваат нејзиниот изглед
Вообичаено на Интернет може да сретнеме невкусни коментари за ѕвездите кои имаат прекумерена тежина, но светската пејачка докажува дека ниту слабите луѓе не се имуни на критиките за надворешниот изглед.
Токму во последните неколку години Селин Дион често е цел на исмејување и злобни коментари на Интернет корисниците, кои велат дека пејачката е преслаба.
Но, 51-годишната пејачка едноставно нема време за луѓето кои секогаш се расположени да шират говор на омраза. Еве каква порака таа реши да им напише на сите оние кои не престануваат да го коментираат нејзиниот изглед:
„Не сум анорексична. Тоа ги нервира луѓето, што сум слаба и без да се трудам. Цел живот сум била слаба. Никој во моето семејство никогаш не бил со прекумерена тежина или пак да има проблеми со вишок килограми. Јас живеам за себеси и ја одржувам мојата фигура бидејќи така сакам да се чувствувам силна. Ако не ви се допаѓам, едноставно не ги гледајте моите фотографии. Ако ви се допаѓам, тука сум за вас, ако не, оставете ме на мир.“ – вели Селин.