Селма Хајек собра храброст и на фановите им покажа како навистина изгледа без бојадисана коса
Прекрасната актерка Селма Хајек неодамна наполни неверојатни 54 години, а воедно истата важи за извонреден пример за дама која старее достинствено, а истовремено е синоним за ѕвезда со неодолива природна убавина.
Убавата Селма воопшто не се срами од своите години, а тоа го докажа кога пред само неколку дена на својот Инстаграм профил објави фотографија од тоа како изгледа пред нејзината коса да биде бојадисана и се подразбира пред да биде нашминкана.
Ѕвездата под фотографијата напиша и опис кој гласеше: „Конечно ги средив корените!“
Како вам ви се допаѓа актерката во вакво издание?