Сендвичи од рендани компири – „Ми здодеа да ги јадам печени или пржени, па приготвив превкусна уникатна вечера!“
Ако барате лесна, а превкусна идеја што ново да им приготвите на вашите најблиски, различно од класичното, тогаш следниот уникатен рецепт со компири е и повеќе од идеалното решение!
Сендвичи од рендани компири
Ако барате лесна, а превкусна идеја што ново да им приготвите на вашите најблиски, различно од класичното, тогаш следниот уникатен рецепт со компири е и повеќе од идеалното решение!
Servings: 4
Ingredients
- 6 компири
- 3 моркови
- 2 кромида
- 5 јајца
- 100 гр шунка
- 200 гр сирење
- 50 гр кашкавал
- 150 гр моцарела
- Половина кафена лажица сол
- Половина кафена лажица мелен црн пипер
- Половина кафена лажица рузмарин
- 3 супени лажици кечап
Instructions
- Крупно изрендајте ги морковите и компирите, а потоа кон истите додадете ги зачините и кромидот. Добро измешајте и додадете сол, мелен црн пипер и рузмарин. Изматете ги и јајцата и додадете ги.
- Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз хартија за печење и поставете ја да се пече 30 минути на 170°C.
- Исечете ја готовата основа на квадрати, како за сендвич и секое од парчињата премачкајте го со крем сирење, а одозгора поставете парчиња шунка и кашкавал. Одозгора нанесете рендана моцарела.
- Готовите сендвичи поставете ги на хартија за печење и поставете ги да се печат 15 минути на 180°C. Сервирајте ја вечерата додека е топла.