Шминки кои никако не смеете да ги употребувате откако ќе им помине рокот!
Кога станува збор за шминки, факт е дека често жените се подновуваат со нови работи и така го освежуваат козметичкото катче, но понекогаш се занемарува фактот дека секој производ има рок на траење. Во прилог прочитајте, кои производи за шминкање никако не смеете да ги користите по изминатиот рок!
Втиснатиот рок на одредени производи служи за ја покаже нивната свежина, но на дел од производите рокот означува точно до кога треба да ги користите истите и подоцна да ги фрлите.
А еве со кои производи тоа мора строго да го направите:
1. Пудра
Ако пудрата веќе има непријатен мирис и се згрутчува или пак е повеќе течна или цврста од нормалното, време е за нова! Ако не ја смените, старата пудра ќе ви предизвика огромни кожни проблеми, акни и неугодни алергиски реакции.
2. Kармин за усни
Кармините често имаат подолг период на траење, но и тие имаат своја граница. Ако пребрзо се суши на усните или започнува да ве иритира, фрлете го и купете си нова и уште поубава нијанса.
3. Маскара
Тоа е производ кој се нанесува на најчувствителниот дел- очите. А истата треба да ја менувате на секои 3 до 4 месеци, бидејќи е производ кој собира премногу бактерии кои може да предизвикаат сериозни инфекции кои може да доведат до опасни компликации.