Штетна навика која сите ние ја практикуваме: Еве зошто никогаш не треба да го носиме мобилниот телефон во џебот
Секој втори човек, особено мажите, го носат мобилниот телефон токму на тоа место, во џебот. А не сме ни најмалку свесни дека оваа навидум обична навика, може да биде многу опасна за нашето здравје.
За таа цел, денес ви откриваме какви можат да бидат последиците од пречестото носење на мобилниот телефон во џебот/
1. Проблеми со грбот
Повеќето луѓе претпочитаат мобилниот телефон да го носат во задниот џеб, а тоа е особено опасно за здравјето. Поставен на тоа место, најпрво мобилниот телефон станува лесна цел за крадците, а освен тоа лесно може да сам да се извади при одењето, да падне на подот и да се скрши. Но, лекарите воедно тврдат дека има уште една негативна причина, а тоа е дека оние кои често го носат телефонот токму во задниот џеб, најчесто страдаат од болки во грбот и нозете.
Тоа се должи на фактот што радијацијата која се емитира од мобилниот телефон влијае штетно врз нервите во седечка положба. Истовремено, модерните смартфони се значително поголеми, при што нивното носење може да ги преоптовари мускулите.
2. Опасност кај мажите
Лекарите веќе подолго време предупредуваат и им забрануваат на мажите да не ги носат нивните мобилни телефони во џебот од панталоните. Тоа влијае штетно врз нивното сексуално здравје и врз самиот репродуктивен систем, а не изостанува и ризикот од појава на низа други здравствени проблеми.
На пример- Неплодност и импотенција. Некои истражувања ја покажуваат директната врска меѓу носењето на телефонот во џебот и намаленото производство на сперматозоиди.
3. Опасност кај жените
Некои жените претпочитаат наместо во џебот од панталоните, својот мобилен телефон да го носат во џебот од блузата т.е близу до градите. Научно докажано е дека оваа штетна навика го зголемува ризикот од појава на рак. Односно бројни истражувања докажале дека жените кои пречесто ја практикуваат оваа опасна навика, во подоцнежен стадиум од својот живот, се соочуваат со појавата на оваа болест.
4. Густина на коските
Експертите спровеле истражување и забележале дека радијацијата од мобилните телефони може други да влијае и врз самото коскено ткиво. Во истражувањето учествувале повеќе од 100 мажи, кои го носеле својот мобилен телефон во џебовите од панталоните во временски период подолг од 6 години, а потоа било откриено дека густината на коскеното тикво кај овие учесници била значително намалена.
Така научниците дошле до заклучок дека луѓето кои поминуваат повеќе од 15 часа со телефонот во џебот т.е близу до нивното тело, се подложни на чести заболувања, кои може да бидат пропратени со низа други сокриени опасности.