Што беше во мода, во твојата година на раѓање?
Модата, слично како технологијата, се менува со брзината на светлината и секоја година, секоја сезона, диктира нови трендови. А еве што беше во мода, во минатото.
Еве кои парчиња беа хит, кои модни додатоци беа омилени и какви стилови се негуваа во годината кога сме се родиле!
1. Модата во 1960-те
Оваа деценија ја одбележаа две спротивности: конзервативен стил и живописни бои.
- 1960: Костими и фустани без јака
- 1961: Ниски чевли со квадратна потпетица
- 1962: Долго палто
- 1963: Парчиња без ракави
- 1964: Панделки и лак за коса
- 1965: Геометриски принт
- 1966: Необични апликации на фустаните
- 1967: Високи чизми
- 1968: Пантолони со скратени рабови
- 1969: Џемпери и плетени фустани
2. Модата во 1970-те
Оваа деценија беше многу поразиграна од претходната. Најчесто користен материјал беше полиестерот, а палетата на бои беше широка.
- 1970: Пончо
- 1971: Кратки шорцеви
- 1972: Џемпер
- 1973: Трикотажа
- 1974: Блузи со принтови и букви
- 1975: Сандали со висока платформа
- 1976: Турбан и наметки
- 1977: Марами
- 1978: Маица што се заврзува на вратот
- 1979: Кожени чизми
3. Модата во 1980-те
80-те години беа вистинска креативна ера. Некои од дизајнерите се уште се држеа до минатото, но повеќето беа инспирирани од иднината.
- 1980: Кадифе
- 1981: Кошули и кратки панталони
- 1982: Деловни костими и здолништа со средна должина
- 1983: Лежерна облека и твид
- 1984: Спортски јакни
- 1985: Волуменозни раменици
- 1986: Долги волнени фустани
- 1987: Мини здолниште
- 1988: Меки материјали
- 1989: Животински принт
4. Модата во 1990-те
Урбаниот стил и популарноста на хип хопот ја одбележаа оваа деценија. Воениот принт и гламурозната облека го добија својот интензитет на носење.
- 1990: Јакна и краток мантил
- 1991: Машки костим
- 1992: Тексас јакна и шорцеви
- 1993: Долг црн капут
- 1994: Сатенски фустан
- 1995: Поголема јакна и тенка маица
- 1996: Беретки
- 1997: Ѕвонарки и крзнени чанти
- 1998: Панталони со врвки при врвот
- 1999: Фармерки декорирани со детали
5. Модата во 2000-та
Благодарение на растечката глобализација, модата стана вистински спој на различни култури и традиции, комбинирани во едно.
- 2000: Краток горен дел
- 2001: Големи обетки и широки панталони
- 2002: Широк ремен
- 2003: Капи
- 2004: Фармерки со низок струк и болеро
- 2005: Долга шарена сукња и крзнени чизми
- 2006: Елек и тесни шорцеви
- 2007: Големи очила
- 2008: Кожни хеланки
- 2009: Тесни фустани
- 2010: Чизми во стилот на познатите американски „Ugg“