Самомасажата се основа на тапкање, дел од „Чигонг“, кои според историчарите се постари од 4.000 години. Во Кина, се верува дека „Чигонг“ го подобрува протокот на чи (животна енергија) во телото. Што се однесува до чи енергијата, не знаеме, но знаеме за многу научни студии на оваа тема.

Голема клиничка студија покажа дека оваа гимнастика ја зголемува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот и помага да се намали телесната тежина. Во друга студија, масажа се изведува кај деца со аутизам, по што тие почнале подобро да се концентрираат на задачите и имале помала веројатност да доживеат стрес.

Како се прави?

Масажата се изведува со ритмичко, лесно допирање или тапкање. Во областа на глава тапкањето треба да го направите со вашите прсти. И насекаде низ телото – со тупаници или со површината на дланката.

Масажата трае 3-5 минути и се изведува во било кое погодно време, но лекарите советуваат да се прави наутро и кога се чувствувате многу уморни. Вежбите најдобро се прават стоејќи.

1. Глава

Застанете исправено. Тапкајте со прстите на скалпот почнувајќи од челото кон тилот. Направете 10 груга следејќи го овој редослед: чело, теме, врат. На крајот поминете ги еднаш истите места со обична масажа.

2. Раце

Испружете ја раката напред и тапкајте од сите 4 страни: подлактица (надворешна и внатрешна), рамо (надворешно и внатрешно). Во секоја точка, 25 пати. Истото со другата рака.

3. Гради и стомак

Користејќи ја левата рака или со тупаница тапкајте по долната страна на градите 10 пати. Одделно, задржете се на пазувите и на ребрата и тапкајте ги овие точки 30 пати. За крај со двете раце тапкајте по стомакот.

4. Грб и задник

Застанете исправено. Со дланките или тупаниците од левата рака (и обратно) тапкајте ја целата десна страна на грбот по 15 удари. Потоа тапкајте ја левата страна од задникот со левата рака и десната страна со десната од 50 до 100 пати.

5. Нозе

Подигнете ја десната нога и тапкајте со двете раце од долниот дел на ногата до бутовите од сите страни. Потоа сторете го истото со другата нога. Потребно е да се направат 10 тапкања за секоја нога. Посебно внимание посветувајте на делот под колената, таму тапкајте 30 пати. Целосна само-масажа со тапкање на нозете 20 пати.