Пред вас е една убава слика која е оптичка илузија . Нејзин автор е рускиот уметник Олег Шупљак.

Што гледате прво на сликата?

Маска

Вашиот избор покажува дека во наредните денови ќе треба да владеете повеќе со емоциите и да не обрнувате внимание на оние кои се обидуваат да Ве провоцираат. Обидете се да ги одминете малите проблеми. Внимавајте со непријателите и по можност игнорирајте ги, тие ќе се обидат да Ве провоцираат. Ќе победите само ако одговорите со насмевка.

Вљубена двојка

Вљубен пар е знак дека или некој ќе ги признае своите чувства кон Вас, или дека ќе наидете на нов партнер. Оние кои веќе имаат партнер ќе можат да делат голем дел од своите тајни и да се отворат еден кон друг. А слободните можно е да имаат интересно познанство за време на некое патување.

Гондоли

Ви претстојат патувања и промени. Патувањата може да бидат романтични, да Ве релаксираат или да очекувате голема промена во својот живот. Ќе успеете да постигнете хармонија и рамнотежа, таму каде што сакате.

Мост

Мостот значи дека ве очекува мала авантура, а можеби не е само една. Можно е пред Вас да има избор и да се сомневате на која страна да продолжите. Размислете добро за секој Ваш чекор. Испитајте ги повторно фактите и ако е потребно ризикувате. Може и да ве очекуваат добри работи.