Што кажуваат акните за вашето здравје, според тоа каде се лоцирани на телото
Акните се можеби најздодевната состојба на кожата, која создава главоболки, бидејќи понекогаш и покрај третманите не исчезнуваат лесно. Местото каде се наоѓаат всушност ја крие причината, а со тоа и решението за нив.
Каде се лоцирани вашите акни?
Ова е мапа на акните. Тие може да се појават и да се развијат на 14 различни места на телото, а секое место зад себе крие различна причина. Одберете го соодветниот број на зона според местот каде се наоѓаат акните на вашето тело и во продолжение прочитајте која е причината за нивната појава:
1. Зона 1: Брада и врат
Хормоните се најголемиот виновник за појава на акни во Зона 1, која ги вклучува брадата и вратот. Проблеми со надбубрежната жлезда, стрес, како и претеран внес на шеќер во организамот исто така се причинитеи за појавата на акните на овие места.
2. Зона 2 и 3: Рамена
Никој не ги сака акните, а најмалку пак акните на рамената. Главен причинител за нивната појава е стресот, затоа мора да пронајдете начин како да се ослободите од истиот и да престанете да се нервирате. Како за почеток, музика што ве релаксира е супер решение. Истовремено, добро е да знаете дека овие акни можат да бидат предизвикани и од предолго носење на испотена и валкана облека.
3. Зона 4: Граден кош
Сите ќе се согласат дека акните на градите се вистински хорор. Ако акни продолжуваат да ви се појавуваат на површината на градниот кош, тоа укажува дека нешто не е во ред со вашиот дигестивен систем. Дали имате нетолеранција кон некоја храна, а да не сте свесни за тоа? Или пак дали во последно време претерувате со брзата и нездрава храна? Со вакви работи сте го иритирале желудникот и сега тој ви враќа со акните на градите.
4. Зона 5 и 6: Раце
Ако ви се појавиле акни на рацете, тоа значи дека не ги добивате потребни витамини и хранливи вредности од вашата исхрана. Решете го овој проблем со консумирање на повеќе овошје, зеленчук и цели зрна.
5. Зона 7: Стомак
Луѓето кои се соочуваат со акни на стомакот имаат високо ниво на шеќер во крвта. Иако можеби звучи досадно и советот се повторува, но мора да ја средите вашата исхрана. Конкретно за овој тип на акни, мора да го исфрлите белиот леб и преработените шеќери од вашето мени.
6. Зона 8: Интимни делови
Ако подолго време ја носите испотената облека или имате лоша навика ретко да ја менувате долната облека, тоа може да резултира со појава на акни во интимните делови. Но, постојат добри вести. Се што треба да направите е да ги промените вашите хигиенски навики и да носите чиста долна облека.
Ако акните се во форма на црвени топчиња, веднаш посетете лекар, бидејќи тоа може да биде симптом на полово пренослива болест.
7. Зони 9 и 10: Бутови
Акните на бутовите можат да бидат индикатор дека сте алергични на одредени производи, како на пример, детергентот за алишта или пак кремата за отстранување на влакна.
8. Зони 11 и 12: Грб
И горниот и долниот дел од грбот се најчестата површина за појава на акни, а ова исто така често е индикатор на проблеми со дигестивниот систем. Доволно е да ја исфрлите нездравата храна и да консумирате повеќе зеленчук и проблемот ќе се реши.
9. Зони 13 и 14: Задник
Ако имате акни на задникот, тогаш виновникот барајте го во вашата диета, бидејќи таа е причината за настанатото воспаление. Затоа престанете да ја држите погрешната диета и одберете да консумирате повеќе природна храна.
Заклучок: Доколку имате акни, главен причинител за нив се стресот, лошата исхрана или и двата фактори заедно.