Што кажуваат за нас нашите омилени овошја
Што сакате повеќе – јаболка или круши? Одговорот на ова прашање го одредува нашиот карактер.
Јаболко
Јаболка често јадат напорните и вредните луѓе. Карактерот Ви е тежок – исто како и Вашиот омилен плод. Ги постигнувате поставените цели брзо и решително.
Слаба страна: Понекогаш Вашите гестови се без помошни. Решение? Бидете почесто вклучени во танцување под звуците на ритамот.
Совет: За Вас слободно може да се каже дека сте зависници од работа. Сепак, порано или подоцна организмот ќе се истроши. Ако почувствувате дека сте на границата на силите, одвојте време за себе: билет за концерт, масажа и повеќе сон.
Кајсии
Тие се омилени на уметничките луѓе. Вие се чувствувате вистински среќни кога творите.
Слаба страна: Раното станување, напорните задачи, почитување на точен час – сето ова не е за Вас и често Ве критикуваат за тоа. За да се справите, земете си домашно милениче – тоа ќе Ве научи да сте поодговорни.
Совет: Да лежите на каучот во очекување на музата не е особено мудро. Побарајте инспирација надвор, меѓу природата и пријателите.
Ананас
Лакомство за естетика. Вие умеете да го претворате живот во уметничко дело. Сакате да бидете меѓу убави предмети, мразите рутина и сиво секојдневие.
Слаба страна: Премногу строгост кон околните. Да, тие можеби не се генијални, но сепак е многу позабавно да комуницираш и откриваш нови пријателства. Патувајте повеќе, сретнете се со повеќе луѓе и запомнете дека Вашите критериуми за оценување не се секогаш точни.
Совет: Обидете се да водите дневник – запишувајте ги впечатоците и сето она што Ви се случило во текот на денот. А на крајот на неделата препрочитајте ги. Така ќе научите да бидете објективни.
Банани
По бананите паѓаат фантазерите. Често родителите и пријателите Ве обвинуваат дека лебдите во облаците – и со полно право.
Слаба страна: Тешко Ви е да се фокусирате, поради што често паѓате во неудобни ситуации. Пробајте да се занимавате со спорт или јога, за да научите да се концентрирате.
Совет: Најсигурен начин да не заборавате, е … да запишувате. Носете секогаш во себе хартија и молив. Ако не друго, барем ќе ги цртате Вашите фантазии.
Круши
Вие секогаш се шегувате и раскажувате интересни приказни. Но зад веселата маска се крие нежна, ранлива и огорчена душа.
Слаба страна: Тешко поднесувате критика, дури и тоа да биде добронамерна. Пред никого не ги откривате своите чувства.
Совет: Научете да живеете за сегашноста. Споделувајте ги емоциите пред најблиските пријатели – ова ќе Ви помогне да се ослободите од негативните чувства.
Смокви
Тие се најпосакувани од тајните и чувствителни личности. Вие не сте љубители на празните муабети и ретко ја откривате својата душа.
Слаба страна: Понекогаш сте премногу сомнителни, што остава лош впечаток на околината. Не плашете се да бидете сигурни во себе и отворено да ги искажите своите ставови.
Совет: Кога последен пат сте поканиле гости дома? Музиката, танцувањето и смеењето ќе Ве натераат да се забавувате и да се релаксирате целосно.