Една жена реши да се откаже од кафето, во временски период од 1 месец и сега раскажува како тоа се одразило врз состојбата на нејзината кожа, забите, телесната тежина и квалитетот на сонот.

Се смета дека кафето го зголемува крвниот притисок, а доколку прекумерено го консумирате на празен стомак, може да доведе до појава на чирови и да ја влоши состојбата на кожата.

Јулија Безбордова реши да направи свој експеримент и да се откаже од овој ароматичен пијалок за 1 месец, а сега открива што се случило со неа откако престанала да консумира кофеин:

1. Првите денови без кафе беа најтешки

„Првиот ден откако одлучив да не пијам кафе ми беше навистина тежок. Се чувствував преоптеретено: Главата ме болеше и сакав да се вратам на спиење. Но, оваа реакција на организамот не беше никакво изненадување, бидејќи редовната консумација и на најмало количество на кофеин доведува до зависност, при што сосема нормално е престанокот да резултира со силна главоболка и лошо расположение. За среќа, следните неколку дена се чувствував подобро и веќе во втората недела од експериментот ги забележав првите позитивни резултати.“

2. Состојбата на кожата значително ми се подобри

„Не можам да кажам дека мојата кожа беше лоша, но нејзината состојба навистина се подобри, откако се откажав од кафето. Тенот ми стана порамномерен, малите дамки исчезнаа, при што дури веќе немав потреба од нанесување пудра.“

3. Ослабев

„Друго пријатно изненадување од мојот експеримент беше тоа што ослабев неколку килограми, откако го отстранив кафето од моето дневно мени. Јас претходно имав лоша навика да го консумираме кафето со 2 лажици шеќер“

4. Ми се подобри состојбата на забите

„Не е тајна дека кафето содржи киселина која ја оштетува глеѓта на забите и притоа придонесува за нивно потемнување. За време на експериментот, забележав дека забите ми станаа извонредно посветли и затоа сега немам толку потреба од одење на забар.“

5. Започнав да спијам многу подобро

„Откако престанав да пијам кафе, значително многу ми се подобри квалитетот на сонот. Факт е дека кофеинот го поттикнува производството на адреналин и кортизол, при што лесно може во тие ситуации организамот да остане подолго време без сон. Затоа и самите лекари советуваат последното кафе во текот на денот да го консумираме барем 6 часа пред спиење.“