Расте во височина од 150 сантиметри и има срцевидни листови. Прочитајте зошто копривата е едно од најлековитите растенија и билка за здрав живот.

Карактеристики

Копривите доаѓаат од семејството на еднодомни или дводомни тревести растенија, а најпознат род од ова семејство е родот коприва (лат. Urtica).

Таа е најраспространета по стрмни места, како и влажни површини на целите континенти во Азија, Африка, Северна Америка и Европа, а цвета во периодот од пролет до есен.

По изгледот се карактеризира со листови во форма на срце. Истите се покриени со ситни жаровити влакна, кои испуштаат сок, кој пак, ја иритира нашата кожа.

Во однос на годишните времиња во кои цвета, така се собираат и нејзините различни делови. Односно нејзиното семе најдобро е да се собере во есенската сезона, коренот во пролеттниот и есенскиот период, а преостанатите листови и врвови исто така на пролет. На овој начин, билката се искористува во целост.

Од хемиски аспект, во составот на копривата влегува железото, фосфорот, калциумот, витамините Ц, К, А и Б2.

Лековити својства

Копривата се смета за една од најлековитите билки бидејќи е одличен природен лек за повеќето здравствени проблеми со кои луѓето се соочуваат секојдневно.

Така, таа е одличен сојузник во борбата против сезонските алергии со кои моментално се соочуваат милион луѓе. Потоа, помага во намалување на шеќерот во крвта, ја зајакнува и прочистува истата, при што ја прави за одлична природна алтернатива за анемијата и слабокрвноста.

Воедно, нејзините својства помагаат и во прочистувањето на жолчката, црниот дроб и цревата.

Лековитото растение помага и против инфекциите и болестите на уринарниот тракт, а еве како можеме да го приготвиме.

Употреба на копривата

Чај против опаѓање на косата

Копривата е одличен природен лек против опаѓањето на косата, а воедно го поттикнува нејзиниот раст. За оваа цел, чајот можеме да го приготвиме така што во 5 литри вода ќе ставиме 5 грста свежа коприва и ќе ја оставиме водата да зоврие. Чајот треба да отстои околу десетина минути и потоа течноста да ја искористиме при миењето на косата.

Купка за уморни стапала

Ова лековито растение е идеално решение како да ја вратиме енергијата и да ги освежиме уморните стапала. Исто како и за чајот за коса, така и овде во 5 литри вода потребно е да се додаде полна дланка измиени стебла и корени од свежа коприва и вака треба да ги оставиме да отстојат во ладната вода во временски период од 8 до 12 часа. Потоа само треба да ги потопиме нашите стапала во лековитата купка.

Чај за ублажување на разни тегоби

Чајот од коприва и во кинеската медицина се смета за совршен во борбата против разни тегоби, а се пие за добра општа здравствена состојба. А еве и како да го приготвиме: Во 250 милилитри вода што претходно сме ја затоплиле, се става една полна кафена лажица коприва и се остава истата да отстои во врелата вода неколку минути.

Домашна тинктура за прочистување на крвта

Копривата е магичен лек кога станува збор за анемија и слабокрвност, а со помош на следниот рецепт, растворот од коприва ќе ни помогне и во ефикасно прочистување на крвта.

Потребно е претходно измиените корења, ситно да ги исецкаме и да ги ставиме при врвот на шишето. Потоа се додава ракија во чиј состав, алкохолот е застапен до 40% и така направената смеса се остава да отстои 14 дена, пред да може да се употребува.