Што нè прави да се чувствуваме осамени и како осаменоста влијае врз нашето тело и ум?
Секој човек, барем еднаш во животот се почувствувал осамено. А причината за осаменоста кај секого е различна, како и начинот на кој се справуваме со истата.
А еве како реагира нашето тело и ум во ваквите ситуации:
1. Секогаш сме гладни
Повеќето од луѓе имаат тенденција да консумираат многу повеќе храна кога се соочуваат со проблеми или кога едноставно се анксиозни. Особено веднаш посегнуваат по грицки или чоколада, односно чувствуваат потреба од консумирање нездрава храна.
Оваа потреба не можат да ја контролираат, а по изеденото, само за кратко, се чувстуваат малку подобро. Всушност, во потсвеста се обидуваат да ги поправат нештата, јадејќи нешто вкусно. Оттука, научниците го поврзуваат чувството на осаменост со хормонот што го контролира гладот.
2. Поминуваме премногу време купувајќи онлајн
Знаците на осаменост не секогаш се видливи. Едно истражување покажало дека осамените луѓе често сакаат да купат нешто. Се фокусираат на материјалните задоволства, за да ја пополнат празнината.
3. Немаме свои сонови и не се радуваме на туѓата среќа
Состојбата на осаменост која трае подолго време се поврзува со депересија. Луѓето едноставно повеќе не се чувствуваат среќни. Стручните лица препорачуваат во таквите моменти да се мисли на среќни работи или нешта кои нè смируваат, како океаните, планините, забавите итн.
4. Почнуваме да мислиме дека ни било судено да сме осамени
Луѓето што во моментот се соочиле со некоја негативна случка, како на пр. раскинувањето со партнерот или отказ од работното место, започнуваат да мислат дека тие се единствените на овој свет на кои им е судено вечно да бидат осамени и вечно да се чувствуваат несреќни.
За излез од оваа ситуација едноставно треба да запаметиме дека ништо не е вечно, па дури ни нашите лоши денови.
5. Никогаш не сме опуштени
Луѓето што често се осамени, воедно се склони кон тоа постојано да се чувствуваат претпазливо и затоа никогаш не можат да се опуштат. Осамените луѓе се потпираат само на себе си, што предизвикува на нивниот мозок да работи многу понапорно.
6. Страдаме од несоница
Осамените луѓе водат борба со добриот и квалитетен сон. Односно, тие често страдаат од несоница, а негативните чувства и несигурноста се главни причинители за тоа.
Кога сме уплашени и анксиозни, нашето тело лачи кортизол- хормонот одговорен за стресот, а кај осамените луѓе истиот може да се најде на високо ниво.
7. Го поминуваме целото слободно време гледајќи телевизија
Еден од поочигледните знаци за осаменост е претераното гледање телевизија. Со поминувањето повеќе време пред телевизорот, гледајќи ги омилените серии и филмови, луѓето се нурнуваат во поинаков свет, кој им прикажува нов и интересен живот.
Актерите на филмското платно брзо се адаптираат на промените, а тоа е нешто што би сакале да можат да го направат и осамените луѓе.
8. Не сакаме да одвоиме време за нас
Луѓето кои се осамени всушност не знаат како да си посветат внимание на себе си. Тие страдаат од депересија и секојдневните навики придонесуваат тие да се чувствуваат уште повеќе депресивни. Но, треба да го прават сосема спротивното. Секој слободен момент треба да го потрошиме грижејќи се за нас, нашето тело и ум.
9. Не се чувствуваме потребни
Кога сме осамени, се чувствуваме безнадежно, се чувствуваме бескорисно. За да излеземе од овој магичен круг, најдобро е да разговараме со нашите најблиски и нашите пријатели. Разговорот ќе ни помогне да сфатиме нашите негативни мисли биле непотребни.
10. Веќе подолго време не сме направиле нешто ново
Првиот чекор кон промената е најтешкиот. Колку подолго одолговлекуваме, толку повеќе ќе растат нашите негативни чувства и мисли. Тешко е да се излезе од комфорната зона, но истовремено треба да сфатиме дека животот е тоа што се случува надвор од истата.
Истовремено, треба да проучиме каква всушност личност сме самите ние. Можеби, осаменоста ни одговара и така најдобро функционираме, но истовремено, да знаеме што да направиме, доколку истата негативно влијае врз нас.