Менструалниот циклус вообичаен трае 6 до 7 дена, а во тој период, речиси секоја жена се соочува со болки во долниот дел од стомакот, главоболка и чести промени во расположението.

А еве што може да открие самата боја на менструацијата за здравјето на жената:

1. Розова боја

Розовата боја на менструацијата вообичаено се манифестира на почетокот или на средина од менструалниот циклус. Но, доколку менструацијата е бледа во текот на целиот тој период, тоа може да биде ран симптом на бременост или хормонско нарушување.

Розовата боја дури може да биде индикатор за полова болест, при што во секој случај, неопходен е преглед и консултација со гинеколог.

2. Светло црвена боја

Кога крвта некако необјасниво станува светла и се излева брзо, тогаш вие најверојатно водите активен начин на живот.

Сè е нормално, но доколку крварите пообилно од вообичаено, тогаш обратете внимание на вашето здравје.

3. Темно црвена боја

Темно црвената менструална крв најчесто се појавува на средината или во втората половина од менструалниот циклус. Тоа исто така е сосема нормално, доколку и количеството на крв што се излева е вообичаено за вас.

Во спротивен случај, неопходно е да се консултирате со вашиот гинеколог.

Истовремено, во одредени случаи темно црвената боја може да биде и индикатор на присуство на тумор во организамот.

4. Портокалово- црвена боја

Портокалово- црвената боја на менструалната крв е многу невообичаена појава. Всушност тоа е првиот знак на инфекција. Тоа обично се должи на појавата на мешање на крвта со други течности во матката, при што доколку забележите ваква боја, неопходно е да посетите гинеколог.

5. Темно кафеава боја

Темната густа крв за време на менструалниот циклус е силен сигнал од телото, дека крвта застојува во матката. Вообичаено ваков проток се случува наутро. Доколку забележувате премногу темна боја, тогаш посетете гинеколог.

Истовремено, доколку забележите и жолтеникав исцедок, тоа исто така е индикатор за инфекција.

6. Нормална боја, но обилно крварење

Доколку станува збор за вториот или третиот ден од менструацијата, тоа е сосема нормално. Но, доколку обилно крварите во текот на сите денови од циклусот, тогаш неопходно е да посетите гинеколог.