Што открива свршеничкиот прстен за вашата врска и брак, според неговиот облик
Иако зад цената на прстенот може да се крие некое психолошко значење, всушност и големината, обликот и самиот дизајн на прстенот може да откријат многу за парот и нивната заедничка иднина.
Убавиот и блескав свршенички прстен веќе стана дел од секоја брачна култура и е многу повеќе од само обично парче накит.
Во продолжение прочитјате што кажува и открива еден свршенички прстен за врската и бракот, според неговиот облик
Облик и дизајн
Според мислењето на повеќе експерти, обликот на каменот и целокупниот дизајн на свршеничкиот прстен, може да откријат многу за личноста и нејзината врска. Тоа е посебно парче накит кој можеби го претставува карактерот на сопственичката и нејзиниот партнер кој всушност го избрал прстенот.
1. Класичен кружен облик
Славни дами кои го носат: Емили Блант, Мила Кунис, Ејми Адам и Лорен Конард
Кружниот дизајн на каменот е традиционален и безвременски стил, кои никогаш не излегува од мода. Одличен избор за оние кои претпочитаат да ја негуваат традицијата и традиционналнот изглед. Парот кој го избрал овој тип на свршенички прстен може да е малку конзервативен, но партнерите се многу лојални еден кон друг.
2. Правоаголен облик
Славни дами кои го носат: Џенифер Лопез, Амал Клуни, Лиз Тејлор, Бијонсе, Анџелина Џоли
Уше една класична форма е правоаголниот облик на каменот и форма која ја обожаваат многу жени. Целиот прстен зрачи со елеганција и префинетост, а неговите сопственички се сметаат за храбри и смели жени кои веруваат дека среќата, покрај во љубовта е и во материјалните работи.
3. „Принцеза“ облик
Славни дами кои го носат: Кејт Босфорт и Хилари Даф
„Принцеза“ облик се однесува на прстените при кои каменот има квадратна форма, а токму таа открива дека неговата сопственичка во иднина ќе биде многу опсипана и разгалена со љубов и внимание од својот партнер. Тоа значи дека токму партнерот кој го избрал прстенот е многу грижлив и внимателен, кој се труди да ја направи својата сопруга најсреќната жена на светот.
4. Крушковиден облик
Славни дами кои го носат: Џесика Симпсон, Викторија Бекам, принцезата Шарлин од Монако
При овој тип на свршенички прстен, каменот има форма на круша или солза, а е најмалку популарен меѓу паровите, а за тоа постои и причина. Луѓето чиј избор е крушковидниот свршенички прстен сакаат сами да го пронајдат својот животен пат, а не да бидат дел од толпата. Тоа се ексцентрични и неверојатни индивидуи со високи стандарди.
5. Облик на срце
Славни дами кои го носат: Лејди Гага, Гвен Стефани и Ники Минаж
Невообичаениот облик на каменот изгледа многу слатко и романтично. Паровите кои го избираат овој тип на свршенички прстен се вистински романтичари, кои не се плашат својата љубов да ја покажат во јавност, пред останатите. Дизајнот на прстенот означува дека и двајцата партнери се сентиментални и се грижат еден за друг.