Нашето лице е директен индикатор кој јасно покажува доколку нешто не е во ред со нашата здравствена состојба.

Кинеските специјалисти лицето го делат на 5 посебни зони: Брада, чело, нос, лев и десен образ. Докажано е дека секоја од овие зони означува некој здравствен проблем, кој, доколку имате доволно познавање на лицето, може лесно да го детектирате, откриете и решите.

Сокривањето на здравствениот проблем со козметички третмани не е доволно, бидејќи проблемот не е само површински, туку и внатрешен.

Во кинеската медицина, секоја.. од овие 5 зони, одговара на различни елементи:

  • Челото одговара на елементот оган.
  • Левиот образ одговара на елементот дрво.
  • Десниот образ одговара на елементот метал.
  • Носот одговара на елементот земја.
  • Брадата одговара на елементот вода.

Секоја зона на лицето е поврзана и одговара на виталните органи во нашето тело:

1. Уши

Ушите се доста чувствителни зони, кои се поврзани со функцијата на бубрезите. Доколку постојано при истите имате чувство на горење, тоа означува дека вашиот организам е под голем стрес и е полн со токсини. Консумирајте повеќе вода и намалете ја консумацијата на кофеин и алкохол.

2. Очи и областа околку очите

Очите се нашите прозорци кон светот и кон нашата општа здравствена состојба. Темните кругови и откокот околу очите зборуваат за сериозен недостаток на вода во телото.

3. Hос

Вцрвенетиот нос е индикатор за зголемен крвен притисок или предупредува на појава на розацеа во рана фаза.

4. Лицето како цело

-Неправилностите или вцрвенетите области на лицето најчесто се означуваат проблеми со тенкото црево, срцето, како понекогаш и нарушено психичко здравје. Доколку сте од оние луѓе кои често го менуваат своето расположние, тогаш најверојатно имате вдлабнатина меѓу вашите веѓи.

-Промената во пигментацијата зборува за проблеми со срцето или некој тажен настан кој се случил од неодамна, а ве направил да се чувствувате ранливо.

-Промените при левиот образ се поврзуваат со проблеми при црниот дроб и мочниот меур. Според експертите, доколку имате црвенило или испукан капилар близу до носот, тоа означува дека вашиот црн дроб е полн со токсини.

-Жолтеникава дамка под левото око открива дека е нарушена функцијата на вашата жолчка.

-Надворешни белези на десниот образ индицираат на проблеми со белите дробови и деблото црево.

-Неправилностите при брадата означуваат проблем со хормонскиот систем или функцијата на бубрезите.