Што означува носењето прстен на различни прсти- Домалиот прст носи успех и хармонија, а еве што носат останатите
Прстенот го активира биполето за енергија кај човекот и притоа од голема важност е на која рака и на кој прст го носите вашиот прстен.
Десната рака се смета за спроводник на машката енергија и доколку прстенот го носите на десната рака ќе активирате одредени сфери во вашиот живот.
Прстенот носен на левата рака се смета за спроводник на женската енергија и ја има способноста да ве заштити во определни ситуации.
Што означува материјалот од кој е изработен прстенот
Потребно е да се земе и во предвид од каков материјал е изработен прстенот.
Златото како активен сончев метал ја активира енергијата, а среброто штити од негативните сили.
Златен прстен поставен на палецот на десната рака ќе ја подобри вашата материјална состојба, а сребрениот на оваа позиција ќе ја зајакне вашата интуиција.
Што означува носењето на прстенот на различните прсти
Доколку носите прстен на палецот на левата рака ќе имате можност да остварите високи цели и да бидете наградени благодарение на вашиот труд и знаење.
Показалецот го соединува човекот со Бог и според експертите, идеално е на овој прст да носите сребрен прстен.
Средниот прст на десната рака е одговорен за судбината и кармата. Носењето прстен на овој прст ќе ви помогне што побрзо да ги решите работите кои подлого време ве измачуваат.
Домалиот прст носи успех, хармонија и љубов во семејството. И на овој прст, на десната рака, најдобро е да се носи златен прстен, бидејќи на овој начин ќе ги активирате сите сфери во вашиот живот. Исто така, овој прстен ќе ги обедини енергиите на партнерите и ќе ги подобри нивните односи.
Венчалниот прстен изработен од сребро може да доведе до заладување на односите меѓу партнерите и на примање, но не и на давање љубов.
Доколку сопружниците се разделиле, се препорачува да си ги вратат бурмите и на овој начин да си ја дадат потребната слобода за новиот живот и новиот почеток.
Сребрен прстен носен на малиот прст, на десната рака, ќе ви го даде потребниот мир и спокојство во вашиот живот, по кој толку сонувате.