Што треба да консумираме за ужина, за да го активираме процесот на слабеење и да го разбудиме метаболизамот
За успешно да ослабнеме, честопати, држењето диета не е доволно. Потребно е да се следат одредени правила, во кое време што е правилно да се консумира, за да ги активираме дигестивните процеси во телото.
Доколку ги почитуваме тие правила, процесот на слабеење не само што ќе биде успешен, туку и изгубените вишок килограми нема да се вратат долго време.
Истакнат австралиски нутриционист нè советува како треба да изгледа нашата ужина, за да го поттикнеме и активираме процесот на слабеење.
Во продолжение следуваат неколку едноставни правила за ужината, кои ќе ви помогнат да ослабнете брзо и лесно, без многу труд.
Денот според нутриционистот Сузи Барел треба да започне со пиење на меѓу 300-500 мл вода за хидратирање по сонот и за активирање на дигестивниот систем.
Нутриционистот препорачува наутро исто така да се пие и билен или зелен чај. На љубителите на кафето, Барел им препорачува да го консумираат без млеко, односно во чиста форма, бидејќи токму кофеинот го подобрува метаболизамот и го забрзува слабеењето.
Во однос на ужината, според нутриционистот, истата треба да биде протеинска за да правилно се регулира нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, започнувањето на денот со протеини, ќе допринесе да се чувствувате сити подолго време и на овој начин ќе го избегнете консумирањето на непотребни калории до вечерата.
Сузи Барел исто така ги советува луѓето да консумираат и 20-30 грама хранливи влакна дневно. Оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми, може да го започнат својот ден со ужина составена од овошје, додадено во јогурт или овесни снегулки. Хранливите влакна може да се пронајдат и во зеленчуците.
Нутриционистот вели дека во ниту еден случај денот не треба да го започнуваме со нешто слатко, бидејќи дополнително ќе го зголеми апетитот. Поради таа причина, подобро е од утринското дневно мени да се исклучат производите како бел леб, кифли и слично.
Со овие едноставни и лесни правила за следење, Барел вели дека луѓето многу побрзо ќе ослабнат и воедно ќе го подобрат своето здравје.