Без разлика дали сте во врска или не, денес ви претставуваме 10 едноставни совети од врвните љубовни експерти, што треба да направите, за да му недостасувате, на човекот за кого се интересирате.

Независно дали станува збор за вашиот долгогодишен партнер или поранешното момче кое сакате да го вратите назад, еве што треба да направите:

Мажите се комплицирани. На нив им е неопходно постојано внимание и многу љубов за да се опуштат и станат „плен“, на жените за кои тие се заинтересирани.

Иако понекогаш е тешко да се најде баланс во љубовните врски, сепак во поголемиот дел од времето најдобро е да им дозволите на мажите тие да бидат ловците.

Доколку сте во врска

Доколку почувствувате дека исчезнува искрата од вашата врска, не се разочарувајте. Тоа е сосема нормална појава кај повеќе врски, особено оние подолгите. Дозволете му на вашиот партнер да започне да ве посакува и да му недостасувате.

1. Раскажете му како сте си го поминале денот

Еден од најдобрите начини како да ја постигнете оваа цел, односно да му недостасувате, е доколку започнете добро да се забавувате без него. Партнерот сака да биде дел од вашиот живот и да ве направи среќни, односно на овој начин тој ќе сака да ви покаже дека можете да се забавувате и во негово присуство.

2. Не бидете достапни во секој момент

Доколку партнерот ви испрати порака, не му одговарајте веднаш, освен секако доколку не станува збор за нешто итно. Дадете му малку време и простор, да се замисли и запраша што правите. Ова ќе го заинтригира. Одговорете му по неколку часа и така ќе знае, дека вие можете да се забавувате и без него.

3. Приредете му незаборавно време во спалната соба

Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку му приредите незаборавна забава во кревет и поради тоа ќе ве посакува уште повеќе. Затоа погрижете се да имате незаборавна страст, која ќе ја памети цел живот. Доколку тој понатаму покаже незаинтересираност, истото направете го и вие, а тоа сосема спротивно од очекуваното, ќе го разбуди неговиот интерес.

4. Занемарувајте го

Доколку вашиот партнер започне да се однесува студено со вас, тогаш и вие започнете да ја играте истата игра. Едноставно глумете дека сте премногу зафатена, за да договорите средба со него. Нека тој ви се приближи. Понекогаш на мажите им е потребна можност да почувствуваат дека им недостасувате. Дадете им ја таа можност.

Доколку веќе не сте заедно

Доколку веќе не сте заедно со вашиот партнер, а посакувате да ја обновите вашата романтична врска, тогаш потребно е да играте сосема различна игра од горенаведената, која важи за паровите кои сè уште се заедно.

1. Изгледајте совршено

Прво правило, според експертите, доколку сакате да му недостасувате на вашиот поранешен партнер е да изгледате неверојатно прекрасна и без него. Тоа ќе го полуди и ќе го повреди неговото его. Доколку однапред знаете дека ќе се појави и тој на некој настан, тогаш потрудете се да изгледате најдобро.

2. Бидете со некој друг

На настаните на кои знаете дека ќе присуствува и вашиот поранешен партнер, едноставно појавете се во друштво на друг маж. Тоа ќе го натера вашето поранешно момче повторно да има чувства кон вас, тврдат љубовните експерти.

3. Однесувајте се со него љубезно

Кога ќе го сретнете вашиот поранешен партнер, однесувајте со сосема љубезно кон него, како да е ваш стар пријател, а не поранешен љубовник.

4. Бидете среќна без него

Не бидете очајна да го вратите вашиот партнер, бидејќи така само ќе предизвикате тој да ве сожалува. Треба да сте среќна и весела без него, бидејќи во спротивно на никој нема да му недостасува очајната поранешна партнерка.

5. Нанесете го вашиот омилен парфем

Доколку навистина сакате да го натерате вашиот поранешен партнер повторно да ве посакува и да му недостасувате, тогаш нанесете го вашиот омилен парфем. Тоа ќе го поттикне да се досети на убавите минати времиња со вас.

Експертите советуваат едноставно да биде трпеливи и да запаметите дека мажите обожаваат тие да бидат ловците. Дадете им ја таа можност.