Жените кои имаат локни сонуваат за права коса, а жените со права коса пак, сонуваат за раскошни локни. Иако правата коса е безвременска класика, локните на жените им даваат посебен шарм и ги прават да изгледаат неверојатно енергично, слатко и неодоливо.

Покрај тоа, локните ја прават косата поволуменозна, па дури и доколку истата не е густа.

Доколку посакувате да го разиграте вашето секојдневние и да го промените вашиот вообичаен изглед за на работа, за таа цел, за денес ви откриваме еден совршен трик, како за кратко време и во домашни услови, без фигаро или витлери да си направите чудесни локни, со помош на пар чорапи!

За формирање на локните, потребно е претходно косата да биде чиста и благо навлажнета. Како помошно средство веќе спомнавме ќе ви бидат потребни пар дебели чорапи, не тенки. Истовремено, по ваша желба, пред правењето на локните, може да нанесете и лак за коса.

Земете дел од косата напред и поделете го на два дела, а меѓу истите поставете чорап или парче ткаенина. Започнете да ги обвиткувате деловите околку чорапот, сè додека да стасате до крајот од косата. На самиот крај, заврзете со ластик за зацврстување на локните.

Повторете го истиот чекор и со преостанатите делови од косата. Визуелно, поделете ја косата на повеќе делови и истите обвиткајте ги околу чорапите или парчиња ткаенина, во зависност што сте одбрале.

Истовремено, во зависност од дебелината на чорапот и бројот на оделени делови, резултатот ќе биде покрупни или поситни локни.

Оставете ги така локните да отстојат во времетраење од 1 час, за да ја зацврстите фризурата.

Резултатите

Пред постапката

По постапката

А еве го долготрајниот ефект, доколку локните ги оставите да отстојат во текот на целата ноќ.

Пред

Потоа