Симнете 4 килограми за 15 дена: Наједноставната диета која дава брзи и трајни резултати!
Многубројни фактори може да придонесат вишокот килограми брзо да се појават, а истите уште потешко да се симнат. Бурниот распоред, стресот, немањето можност за посета на теретана и слично го отежуваат нивното елиминирање.
Токму за оваа цел, денес ви го претставуваме наједноставниот начин како да симнете 4 килограми за околу 2 недели, а ваша задача е само да го практикувате следното лесно мени:
7-дневно мени за симнување на 4 килограми, за 15 дена
Понеделник
- Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
- Ручек: 2 парчиња двопек со парче сирење
- Вечера: Зелена салата со марула, краставици, измешани со оцет и 150 гр пилешко месо
Вторник
- Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
- Ручек: 2 парчиња двопек со 2 варени јајца
- Вечера: Шопска салата и 200 гр бела печена риба
Среда
- Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
- Ручек: 2 парчиња двопек со 2 варени компири
- Вечера: Зелена марула салата со печена риба и за десерт, половина овошен јогурт
Четврток
- Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
- Ручек: 2 парчиња двопек и салата од краставици со сирење
- Вечера: Салата од црвено цвекло, лимон и изрендано јаболко и 200 гр пилешко месо
Петок
- Појадок: Шолја кафе или свежо цеден овошен сок
- Ручек: 2 парчиња двопек и салата по ваш избор
- Вечера: Салата од излупени домати со сирење и босилек и парче печена риба
Сабота и Недела
Во Сабота и Недела може да ги комбинирате производите од целата недела. Во моментите кога ќе почувствувате глад, земете едно овошје и започнете со физичка активност, кога ќе ги сврти вашите мисли од гладот.