Симнува 2 килограми за 2 дена: Супер прочистувачка салата која многу лесно се приготвува
Дали сте слушнале за супер детокс салатата која е позната по тоа што целосно го прочистува организамот и притоа која симнува 2 килограми за 2 дена? Чудесната салата воедно ги отстранува сите насобрани токсини и ја стабилизира цревната микрофлора.
Салатата уште се нарекува и средство за чистење, а покрај слабеењето на вашата фигура, консумирањето на оваа салата за два дена ќе ви помогне и да го намалите лошиот холестерол, да се ослободите од насобраните штетни материи од организмот, да ја поправите цревната микрофлора и да го вратите сјајот на вашата кожа!
Супер детокс салата за -2кг за 2 дена
Потребни состојки
- 150 гр зелка
- 150 гр моркови
- 150 гр варено цвекло
- 1 зелено јаболко
- 2 лажици исечкана зелена салата или спанаќ
Начин на подготовка
Исечете го зеленчукот како што сакате и измешајте сè во голема чинија. Ако сакате, можете да додадете прелив од една лажица сок од лимон и две лажици ленено масло. Можете да додадете и малку сусам.
Заменете ги сите три оброци во текот на денот со околу 300 гр на оброк од оваа салата за два дена. Може да консумирате и мало количество на нискомаслено сирење со истата. Покрај тоа, дозволен е зелен чај, а задолжително е консумриањето на големо количество вода.