Снежно белите чорапи навистина даваат свеж и елегантен изглед, при што важат за безвременска класика, но тоа важи само доколку се навистина чисти. Вообичаените дамки, како и пожолтениот изглед е нивниот најчест проблем.

Иако пожолтените и потемнети дамки на прв поглед ни изгледаат како невозможна мисија, кога станува збор за нивното отстранување, денес ви откриваме еден многу лесен домашен метод како да се справите со истите, брзо и ефикасно.

Како да ги избелите белите чорапи и белата облека

Ќе ви биде потребно

  • 20 гр борна киселина
  • 10 л вода

Начин на употреба

Во 10 литри вода додадете 2 ќесички (по 10 грама секоја) борна киселина. Добро растворете ја, а потоа во добиениот раствор додадете ги валканите парчиња облека и оставете ги да отстојат така 2 часа.

По 2 часа, извадете ги алиштата од растворот и исперете ги на вообичаениот начин.

Борната киселина лесно може да ја најдете во аптеките, а благодарение на нејзините својства, таа длабоко продира во материјалот, низ дамките, при што ефикасно и темелно ги отстранува истите.