„Сите го употребуваат за готвење, а јас како маска за лице и затоа цел живот никој не ми верува колку години имам“
Моќните својства против стареење, обновувањето на кожата и чудесниот ефект на антиоксидантите- сето тоа е ремек-делото што може да го оствари ловоровиот лист за лицето.
Иако одредени луѓе не претпочитаат да го користат при готвењето поради неговиот остар мирис, но затоа пак, дамите ширум светот обожаваат да го употребуваат во домашните третмани за нега на кожата.
Неговата редовна употреба за нега на лицето ги стеснува порите, ја измазнува кожата, ја прави еластична, ја регенерира, ги стимулира метаболичките процеси, прави дезинфекција и помага во борбата против разни заболувања на кожата.
Моќна домашна маска за лице од ловоров лист
Потребни состојки
- 8 гр ловоров лист
- 100 мл екстра девствено маслиново масло
- 2 супени лажици овесна каша
Начин на подготовка
Сомелете го ловоровиот лист. Потоа додадете го во сув сад, исипете го маслиновото масло и додадете ја овесната каша. Затворете го садот и со негово движење, добро измешајте ги состојките внатре.
Кога овесните снегулки ќе се зголемат, нанесете ја готовата маска од ловоровиот лист на чистата кожа, при лицето и вратот. Оставете ја да отстои 30 минути, а потоа исплакнете. Најдобро е маската секогаш да биде свежо приготвена пред употреба.
Бонус: Домашен раствор за проблематична кожа од ловоров лист
Потребни состојки
- 100 мл вода
- 10 гр исечен ловоров лист
Начин на подготовка
Сварете ја водата и додадете го исечениот ловоров лист, притоа варете дополнителни 2 минути. Оставете го добиениот раствор целосно да се излади. Потоа прецедете и користете ја течноста наместо купечки тоник за лице, секојдневно, во временски период од 1 недела.
Откако растворот ќе се апсорбира во кожата, исплакнете го лицето и нанесете хидратнанта крема. Истиот складирајте го во ладилник.