„Сите растенија ги полевам со 1 шолја од овој таен еликсир и градината е како џунгла- Сè вирее!“
Тајната на луксузно расцветаната градина е едноставна: Растенијата треба да се сакаат, а не само едноставвно да се полеваат, притоа соодветно да се потхрануваат.
Во крајна сметка, кога едно цвеќе долго време ќе стои во саксија, потопено во вода, најверојатно нема да видите раскошно цветање и прекрасни листови.
Изненадувачки, млекото кое е секојдневна состојка во нашето дневно мени, е исто така вистински деликатес за растенијата. Денес ви откриваме рецепт како да го подготвите чудесниот еликсир благодарение на кое ќе имате беспрекорна градина.
Млеко за потхранување на растенија
Карактеристичноста на млекото е тоа што не само што ги снабдува растенијата со неопходните микроелементи, туку истовремено ја лекува и почвата. Млекото содржи корисни бактерии, кои ја спречуваат појавата на габи и мувла, кои се штетни за почвата.
Дополнително, овие бактерии се способни да синтетизираат витамини, минерали, фитохормони и други биолошки активни супстанци, кои се неопходни за животот на растенијата.
Чудесен еликсир за раскошно цветање на растенијата
Потребни состојки
- 100 мл пресно млеко
- 1 литар вода
- 3 капки јод
Начин на подготовка и употреба
Измешајте го млекото со водата, а потоа додадете и јод. Добро измешајте ги сите три состојки заедно.
Еден час пред да го нанесете еликсирот, полевајте ги растенијата со обична чиста вода, бидејќи млечната вода не треба да се додаде во сува почва.
Додадете 3-6 супени лажици, во зависност од големината на садот и потхранувајте ги растенијата со овој раствор во временски период од 2 недели.
Важно е да знаете дека млечниот еликсир не е соодветен за потхранување на палми, кактуси и сукуленти.