Најефективен домашен лек кој ќе реши голем проблем … Оваа маска ја претвора најпроблематичната кожа во здрава, убава и блескава. Пред да ја пробате оваа маска за лице, проверете ја на внатрешноста на Вашето рамо. Ако немате несакани ефекти во текот на денот, можете слободно да ја користите за лицето.

Состојки:

• 1-2 таблети аспирин
• малку вода
• една лажичка мед

Подготовка

Истолчете го аспиринот и ставете го правот во стаклен сад. Додадете неколку капки вода, промешајте. Додадете лажичка мед и промешајте повторно. Нанесете ја маската на чисто лице и држете ја десет минути. Лесно тријте и исплакнете. На почетокот на третманот, маската треба да се користи 2-3 пати неделно, а подоцна ќе биде доволно и еднаш неделно.

За десет дена ќе видите фантастични резултати: кожата на лицето ќе биде обновена. Воспалението ќе исчезне и порите ќе бидат исчистени. Ефектот на маската со аспирин не може да се види веднаш, туку 3-4 часа по нанесувањето. Бидете трпеливи и редовно користите ја и Вашата кожа ќе биде чиста и сјајна!