„Скршив 2 јајца, додадов малку сирење и кисело млеко и ја приготвив највкусната вечера“
За денес ви претставуваме една совршена идеја за вечера, на која ретко кој може да одолее. Се приготвува многу лесно и тоа со производи, кои ги има во секој дом.
Станува збор за солено суфле кое е идеално за консумирање во било кое време, благодарение на неговата фина и лесна текстура.
Солено суфле
Потребни состојки
- 100 мл кисело млеко
- 2 јајца
- 180 гр кашкавал
- 100 гр сирење или урда
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 2 супени лажици нишесте или брашно
- 1 супена лажица сончогледово масло
Начин на подготовка
Вклучете ја рерната да се загрее до 180°C. Во длабок сад измешајте го сирењето, киселото млеко и јајцата. Добро измешајте ги состојките.
Потоа додадете го нишестето и содата и повторно добро измешајте. Изрендајте го кашкавалот, измешајте го со сирењето и поставете ја смесата во керамички садови, претходно премачкани со масло. Суфлето може да го приготвите и во еден поголем сад, но тогаш ќе ви биде потребно повеќе време за печење.
Поставете ја смесата во претходно загреана рерна, на 20-25 минути. Појавата на златна кора на површината означува дека специјалитетот е готов.
Пријатен апетит!