Сладок леб на традиционален романски начин – Извадете го брашното и започнете
Чудесниот сладок леб познат како „козунак“ е омилен и традиционален рецепт во Романија, кој воедно е симбол во секој дом за време на Велигден. Еве како лесно се приготвува.
Сладок леб на традиционален романски начин
Чудесниот сладок леб познат како „козунак“ е омилен и традиционален рецепт во Романија, кој воедно е симбол во секој дом за време на Велигден. Еве како лесно се приготвува.
Servings: 4
Ingredients
- 40 гр свеж квасец
- 6 јајца
- 300 мл пресно млеко
- 250 гр шеќер
- 150 гр путер на собна температура
- 1 кора од лимон
- 1 прстофат сол
- 1 јајјце (за премачкување)
Instructions
- Додадете го квасецот во топло пресно млеко заедно со 1 супена лажица шеќер и се остава на топло да раствори.
- За тоа време, изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа постепено додадете го растопениот и изладен путер (а може и масло за готвење). Додадете ги и растворениот квасец, ванилата, изренданата кора од лимон и брашното и добро измешајте до добивање на меко тесто.
- Измешајте го тестото со миксер, со што значително ќе го олесните месењето. Кога тестото ќе започне да се одделува од ѕидовите на садот, преместете го на работната површина и лесно замесете.
- Покријте со крпа и оставете го да отстои на топло. Потоа, замесете по втор пат, при што вториот пат тестото се замесува со масло за готвење.
- Од ова количество на тесто може да приготвите 2 средноголеми козунака. Поделете и обликувајте ги како вам ви е најлесно.
- Тестото се поставува во сад премачкан со масло и се остава да отстои, додека целосно да ја исполни формата. Одозгора се премачкува со жолчка и се нанесува шеќер.
- Поставете го тестото да се пече загреана рерна на 180°C.