Слатки „гнезда“ полнети со карамела и чоколадо, обвиктани во лешници – Совршениот празничен десерт
Божиќните и новогодишните празници, покрај тоа што се совршен момент за да поминеме повеќе време со луѓето кои најмногу ги сакаме, исто така се и иделен тајминг да ги воодушевиме сите со нашите кулинарски вештини. За тоа ќе ви помогнат и следните златни божиќни колачиња!
Слатки „гнезда“ полнети со карамела и чоколадо, обвиткани во лешници
Божиќните и новогодишните празници, покрај тоа што се совршен момент за да поминеме повеќе време со луѓето кои најмногу ги сакаме, исто така се и иделен тајминг да ги воодушевиме сите со нашите кулинарски вештини. За тоа ќе ви помогнат и следните златни божиќни колачиња!
Servings: 4
Ingredients
- 250 мл меко брашно
- 2/3 шолја шеќер
- Половина шолја какао
- 110 гр путер
- 1 жолчка
- 2 лажици млеко
- 100 гр крупно исечени печени лешници
- 1 белка
За филот
- 100 гр лешник карамели
- 1 лажица млеко
- 50 гр чоколадо
Instructions
- Додадете ги во еден сад омекнатиот путер, шеќер,от жолчката, млекото, пресаното брашно и какаото. Измешајте ги со малку миксер, без да го вклучувате, а потоа вклучете го и малку изматете ја смесата. Завршете го мешањето со рака.
- Оставете ја смесата да отстои во садот, половина час во ладилникот. Потоа од истата обликувајте топчиња со големина по ваша желба.
- Поставете хартија за печење во садот за печење. Со вилушка, малку изматете ја блеката, а потоа секое од формираното топче потопете го прво во белката, а потоа во лешниците, па наредете ги во садот за печење. Со прст или друг предмет, направете вдлабнатина во секое топче, а потоа поставете ги да се печат Печете во загреана рерна минути на 180°C. Колачињата треба да бидат меки кога ќе ги извадите. Поправете ги владбнатините и оставете да се изладат.
- Растопете ги карамелата и млечното чоколадо. Додадете млеко во карамелата и растопете го на тивок оган во микробранова печка, додека не се соединат. Направете го истото со млечното чоколадо. Потоа оставете ги да се изладат.
- Наполнете ги колачињата со добиениот фил, притоа оставете го истиот да се излади и затегне, а потоа сервирајте и уживајте во совршениот вкус!