Славната Шехерезада од „1001 ноќ“ покажа како изгледа во костим за капење по само 4 месеци од породувањето
Популарната Берузгар Корел ги освои сите со нејзината главна улога на Шехерезада во турската хит серија „1001 ноќ“. Прекрасната актерка несомнено привлекува внимание било кога и да се појави во јавноста, а сега предизика реакции повеќе од било кога.
Висока, згодна, со убави црти на лицето, популарна турска актерка отсекогаш наидувала на воодушевување кај јавноста, а кога драстично ја смени фризурата, доби само пофалбите од фановите. Но, се чини дека турската јавност овојпат е не е воодушевена од актерката. Имено, иако таа се породи пред само четири месеци и на светот го донесе нејзиното второ дете, критиките на сметка наубавата Шехеразада изненадија многумина.
Актерката објави фотографија како изгледа во костим за капење по само 4 месеци од породувањето.
Додека некои остро ја осудуваат убавата актерка и веруваат дека како јавна личност таа морала побрзо да се врати во форма, за други сето тоа е нереално.
– „Во природа е жената да раѓа и нејзиното тело да се менува во текот на целиот тој процес“- гласи само еден од коментарите на фановите кои застанаа во нејзина одбрана.