Следните 28 дена замислете желба: Новата Месечина е во знакот на Јарец и еве како тоа ќе влијае на нас
Токму на вчерашниот ден официјално започна т.н Нова Месечина во хороскопскиот знак Јарец. Астролозите препорачуваат во следниот период, поконкретно во следните 28 дена да го фокусирате вашето внимание кон вас и вашата среќа. Размислете добро за вашиот имиџ, како и за подобрување на семејните односи.
Хороскоп на македонски јазик
Следните 28 дена, според астролозите, ќе бидат исполнети со многу моќни космички енергии што позитивно ќе се одрази и ќе влијае на многу сфери кај луѓето, од љубовните до професионалните, а најголемите придобивки ќе ги почувствуваат родените во знакот на Девица и Бик.
Во овој период, астролозите ги советуваат луѓет на лист хартија да ги испишаат нивните желби, како и цели, од областа на кариерата, љубовниот живот, надворешниот изглед, вашите идеали, амбиции или семејните односи, односно запишете неколку од вашите најголеми желби и цврсто верувајте дека наскоро, благодарение на поставеноста на планетите, тие може да се претворат во бајковита реалност!