Слеп човек успешно се искачи на Монт Еверест, кој е вашиот изговор?
Кинез стана третото слепо лице во светот што го достигнал врвот на Монт Еверест и првиот слеп Азиец што го заврши искачувањето.
На Жанг Хонг, 46-годишник од Чонгкинг во југозападна Кина, му требаа само три дена да ја освои највисоката планина во светот, тргнувајќи од кампот на непалската страна на 24 Мај и враќајќи се по достигнување на врвот на 27 Мај.
Тој се искачи на врвот од 8.849 метри со помош на тројца водичи кои му помогнаа да го пронајде патот по патеката и да ги избегне бројните опасности со кои може да се соочи.
Зборувајќи за своето искуство, Жанг сподели:
„Бев многу исплашен, бидејќи не можев да видам каде одам и не можев да го најдам својот центар на рамнотежа, па затоа понекогаш паѓав. Но постојано размислував како, и покрај тоа што беше напорно, морав да се соочам со тие потешкотии, сето тоа е составен дел од планинарењето“.
„Без разлика дали сте инвалид или не, дали сте го изгубиле видот или немате нозе и раце, не е важно сè додека имате силен ум, секогаш можете да направите нешто што другите луѓе велат дека не можете“.