Слики кои покажуваат како се променила нашата планета во текот на изминатите неколку децении
Нашата планета постојано се менува како резултат на природни појави како земјотреси, вулкани, цунами, бури и други. Денес ве покануваме да патувате низ времето и просторот, за да видите како се трансформираа некои места на нашата сакана Земја во последните децении. За жал, повеќето од овие промени се резултат на човечка активност. Но ние сме на пат да го промениме тоа!
Подготвивме компилација од слики од Google Earth за да ви ги покажеме најимпресивните промени што ги претрпе нашата планета во последните 40 години. Се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за темата и ќе им помогнеме на другите да разберат колку е важна грижата за мајката природа.
На мапата се појавија нови острови: „Палмите“ во Дубаи
Градот Дубаи претрпе огромна експанзија во последните неколку години. Во однос на населението, тој порасна од околу 500.000 жители (1990 година) на повеќе од 3,3 милиони (2020 година). Градот, за кој се знае дека е еден од најистакнатите деловни центри во светот, се зголеми значително и во однос на површината создавајќи кластер на вештачки острови како Палмините острови и Светскиот архипелаг.
Вода што ја менува бојата: езеро Натрон, Танзанија
На прв поглед може да помислите дека она што го гледате на првата слика горе е земја. Но тоа всушност е розово езеро. Поради својата висока соленост, температура поголема од 40 ° C и алкалност што може да достигне pH поголема од 12, тоа е едно од најубиствените и најопасните езера на Земјата. Во зависност од времето во годината, езерото ја менува бојата поради алгите и бактерииите што се размножуваат во него.
Сечење на шумите: одгледување соја во Сан Хулијан, Боливија
Во последниве години Амазон е една од областите најпогодени од климатските промени. Ние не го кажуваме ова само заради добро познатите шумски пожари што беснеат на овој дел од светот. Амазонскиот предел има голем проблем со сечењето на шумите што се прави во земјоделската зона, како што можете да видите на сликата погоре. Поголемиот дел од овој нов простор се користи за насади кои најмногу се насочени кон земјоделско производство на соја која се користи како храна за добиотк.
Борба против глобалното затоплување: соларна централа во Кина
Обновливите енергии се енергетски ресурси добиени од природата на чист и еколошки начин. Тие не загадуваат и помагаат да се спречи глобалното затоплување. Се повеќе земји се одлучуваат за употреба на овој вид енергија и создаваат соларни паркови на нивна територија: Кина, САД, Јапонија и Германија се на врвот на списокот и се надеваме дека многу други наскоро ќе им се придружат . На сликите погоре можете да видите една од соларните централи изградена од Кина.
Топење на глечерите кои постепено исчезнуваат: Глечер Колумбија во САД
Овој глечер, кој се наоѓа на јужниот брег на Алјаска, е еден од најпогодените од температурните промени што ги претрпува нашата планета во последните децении, главно поради глобалното затоплување.
Антарктикот полека се топи: Глечер на островот Бор, Антарктик
Овој голем леден поток што може да се најде на Антартикот исто така е под големо влијание на глобалното затоплување. Националната фондација за наука на САД проценува дека доколку овој глечер се стопи во океанот, нивото на водата би се зголемило за околу 61 метар.
Кога природата уништува, а потоа повторно гради: природното закрепнување на планината Пинатубо, Филипини
По 500 години мирување, вулканот Пинатубо повторно стана активен во 1991 година, предизвикувајќи една од најсилните вулкански ерупции во минатиот век. Неговите ефекти беа почувствувани низ целиот свет: слој на сулфурна киселина го обиколи целиот свет, температурите значително паднаа и озонската обвивка претрпе огромна штета. Денес можеме да видиме како областа постепено се обновува по уништувањето предизвикано од ерупцијата на вулканот.
Напуштените насади се трансформираат во бујни зелени шуми во Русија
По распаѓањето на Советскиот Сојуз, големите земјоделски насади беа напуштени и вратени во рацете на мајка природа. Таа се погрижи за нивно закрепнување и за многу кратко време насадите се трансформираа со бујни зелени шуми.