Смарагдниот фустан на Кејт Мидлтон со кој едноставно заблеска – Зелената е дефинитивно нејзина боја!
Уште од самиот почеток на годината, прекрасната војвотка не престанува да изненадува со нејзините волшебни модни комбинации, без разлика дали станува збор за елегантен долг фустан или класичен костим, таа секогаш успева да го освои вниманието на сите.
Од ова не беше исклучок ниту нејзиното најново јавно појавување, при кое заедно со сопругот Вилијам, Кејт е во официјална посета на Даблин, Ирска. Во текот на првиот ден од посетата, парот им оддаде почит на загинатите борци во борбата за независност на Ирска.
По повод оваа посета, Кејт избра да носи извонредна модна комбинација во националната боја на земјата т.е зелената, во која војвотката изгледа едноставно чудесно!
Во текот на вечерта, парот посети и бар, во кој се насладуваше на традиционално ирско пиво.