Смешно видео ќе ви покаже како да откриете дали вашата мачка е интелегентна
Девојка ви покажува како да откриете дали вашиот миленик е интелегентен. Овој тест е наменет најмногу за мачки или мали кученца. Се сомневаме дека ќе биде практично изведен со големо куче или хрчак.
Видеото споделено од Лорен (@ lololov.ly) на TikTok, ни го објаснува едноставниот тест: подигнете го вашето домашно милениче околу торзото и предните нозе, поместете го кон ѕид и ако застане со шепите, тоа е паметно животинче. Ако само дозволува да му ја „згмечите фацата“ во ѕидот, можеби и не е најбистрито милениче на светот (не дека тоа треба да промени нешто).
@lololov.ly#catsoftiktok #cats #catchallenge #catsfyp #catfyp #fyp #fypシ