Медитеранското дрвенесто растение со карактерситична разгранета крошна, ни доаѓа од родот на фикусот. Зошто тоа е исклучително важно за нашето здравје, прочитајте во продолжение.

Карактеристики

Покрај разгранетата кралска коршна, чудесното овошје се карактеризира и со темнозелени млади гранки, кои кога стареат добиваат сива боја. Уникатна крушковидна оска ги поврзува неговите сочни цветови, а листовите често се големи и неправилно распоредени.

Според видот е листопадно растение, кое цвета во периодот од мај до јуни. Смоквите поттекнуваат од Мала Азија, а ја обожаваат медитеранската клима, а не ги поднесуваат ригорозните температурите, поради високата сензитивност, како резултат на тенката кора.

Лековити својства

Смоквите не само што се дел од кујната и ја красат празничната трпеза, тие се многу повеќе од прекрасно вкусни. Во нивниот состав влегува неверојатно количество на витамините Б, Е, К и Ц, потоа минералитe како магнезиум, селен, железо, фосфор, калциум, а воедно нивната енергетска вредност достигнува високо ниво, што ги прави исклучително хранливи и лековити.

Ова овошје се вбројува меѓу првите на листата на овошја со лековити својства. Ефикасно се бори и служи како превенција од рак на дебелото црево, на тој начин што го успоруваат растот и развојот на канцерогените клетки.

Го штитат кардиоваскуларниот систем од секакви болести, вклучувајќи и срцев инфаркт. Смоквите се одличен природен лек за регулирање на крвниот притисок, а ја стимулираат и функцијата на нервниот систем.

На едноставен, а притоа моќен начин го чистат организамот од разни токсини, го подобруваат дигестивниот систем, а надворешно се користат и врз чирови, рани, потоа против перут, па дури и како лек против забоболка.

Употреба на смоквата

Смоквата може да се користи на разни начини, при што може да се направи мармалад, слатко, а најчестата употреба е смоквите во сува форма, кои ни се достапни во продавниците. Покрај, тоа, во продолжение следува напиток кој едноставно и лесно може да ги приготвите во домашни услови.

Домашен напиток за подобрување на функциите на нервниот систем

Потребни состојки

  • Листови од смоква
  • Вода
  • Маслиново масло

Начин на подготовка

Најпрво, исецкајте ги листовите на ситни парчиња. Потоа, во сад додадете 1 чаша вода и додадете ги исецканите листови. Оставете ги да се варат во времетрање од 1 до 2 минути. Откако ќе се сварат, оставете ги на страна, да отстојат половина час.

Пред консумирање, во напитокот додадете половина кафена лажица маслиново масло, добро измешајте и испијте.