Со 7 едноставни чекори за шминкање до природен изглед кој ќе ве направи 10 години помлади
Стареењето е процес кој треба да го прифатиме со сите негови убавини, но сепак и не треба да се очајува ако истиот делува помалку застрашувачки. Тука се правилната исхрана и вежбањето кои ќе ви дадат свежина, а во прилог следува и видео кои ќе ве научи како едноставно да се нашминкате и притоа да симнете 10 години од вашето лице.
Запознајте ја Доминик Саксе, јутубер преку ден, а мајка и жена, преку ноќ. Таа со следните совети ќе ве научи како едноставно да се шминкате и да изгледате помладо.
Во продолжение погледнете ги нејзините премногу едноставни техники: (Процесот на шминкањето започнува во 2:19 минута)
Доколку не успеавте да ја следите детално, еве како одат чекорите по ред:
Чекор 1: Таа вели дека клучот до изглед на младешка кожа е сјаен изглед. А тоа ќе го постигнете со навлажнувачка крема и потоа врз истата нанесете ББ или ЦЦ крема, односно пудра со многу лесна текстура. Нанесете со четка.
Чекор 2: Нанесете течна пудра на очите и под нив, во малку посветла нијанса и подоцна со течна пудра како вашата боја на кожа, изедначете го пигментот.
Чекор 3: Дајте им на избледнетите веѓи природен изглед со неутрална нежна нијанса од сенката за веѓи, како нивното природно влакно.
Чекор 4: Нанесете матирачки сенки на очите. Започнете со светол тон и нанесе го во предниот агол на очите, како и делот под веѓите. Потоа малку потемен неутрален тон нанесете на средината, а темно кафеав тон на краевите на очите и од најтемниот чисто малку нанесете на самиот крај од линијата на окото.
Погрижете се сите нијанси да бидат како преточени една во друга, не оставајте ги со строги линии.
Чекор 5: Црн или темно кафеав туш нанесете на крајот на очите, од внатрешната страна, на горниот дел.
Чекор 6: Додадете маскара за свежина на изгледот.
Чекор 7: Нанесете кармин во свежа нијанса. Обележувачот за усни и карминот да бидат во иста нијанса.
Бонус совет: Доколку имате сува кожа, не користете камена пудра, но ако сакате да го намалите малку сјајот на кожата, додадете малку од неа и на образите додадете малку брознер, по ваша желба.