Доколку ви се допаѓа ефектот на ламинирање, со чија помош слабата, сува и безживотна коса станува блескава, сјајна и здрава, но не секогаш имате средства и време да ја дозволите процедурата, тогаш следната маска е совршена за вас.

За денес ви откриваме како да подготвите маска токму со ламинирачки ефект, во домашни услови, чија подготовка ќе ви одземе неколку минути, а нејзиниот ефект ќе трае до неверојатни 4 дена.

Оваа маска покрај тоа што ќе ја направи вашата коса да изгледа блескаво и беспрекорно, воедно ќе ја зајакне и ќе ја зацврсти, односно значително ќе ја подобри нејзината состојба.

Сè што е потребно да направите е да измешате желатин во вода, во сооднос 1:3 и да го оставите истиот да набобри во времетраење од 20 минути.

Во однос на нејзиното нанесување, најпрво потребно е да ја измиете вашата коса и потоа добро да ја избришете со крпа.

Подобро е да ја нанесете маската, притоа косата да ви биде поделена на 4 еднакви делови. Важно е да започнете на 5 цм растојание од корените.

Откако целата маска ќе биде нанесена, завиткајте ја косата со стегач за коса, а потоа и покријте ја со капа за туширање или крпа. Оставете ја маската да дејствува 1 час. За да го зајакнете ефектот на истата, можете на секои 12-20 минути, да ја загреавате вашата коса со фен.

По изминатото потребно време, измијте ја маската користејќи шампон и ладна вода и исушете ја косата.

Готово!