Со мирис и вкус на пролетта: Овошен десерт од кајсии и праски
Не само што целиот дом ќе замириса прекрасно, туку и повторно ќе ги освоите вашите најблиски, а ќе ги воодушевите и гостите. Притоа, десертот нема да ви одземе многу време, а се прави многу едноставно.
Потребни состојки
За бисквитнoто тесто
- 180 г мелени бисквити
- 2 лажици мед
- 4 лажици стопен путер
За кремот
- 350 мл густ јогурт
- 250 мл слатка павлака
- 1 пудинг
- 500 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 ќесичка желатин
- 300 гр кајсии
- 300 гр праски
Начин на подготовка
Измешајте ги мелените бисквити со медот и стопениот путер. Добиената смеса ставете ја во четириаголен сад со димензии 20 х 20 цм, а потоа ставете го садот во фрижидер, за да може смесата да се зацврсти.
Желатинот полијте го со 4 лажици ладна вода и почекајте да реагира. Пудингот пригответе го по упатството на неговата амбалажа со 500-те мл млеко и 4-те лажици шеќер. По 10 минути, откако желатинот ќе реагира на водата, процедете и додајте го во пудингот. Оставете да се излади.
Половина од овошјето исецкајте го со помош на блендер, а потоа соединете го со јогуртот и пудингот. Преостанатото овошје исецкајте го рачно, при што едната половина додадете ја во кремот, а другата половина оставете ја за крајниот чекор- декорацијата.
Измaтете ја слатката павлака и додадете ја во кремот.
Извадете го бисквитното тесто од фрижидерот, додадете го кремот врз истото, добро распоредете и повторно вратете го садот во фрижидерот, на ладење.
Потоа исечете на коцки и врз секоја коцка додадете од останатото овошје. По желба декорацијата завршете ја со прелив од карамела или чоколада.