Со оваа диета Лепа Брена симна неверојатни 17 кг и со нејзиниот изглед ги засени младите колешки
Лепа Брена е една од најголемите ѕвезди на балканскиот простор и пошироко, која и покрај нејзините годините, сите се едногласни дека изгледа едноставно феноменално!
Пред одреден период, пејачката успеа да симне неверојатни 17 килограми за само 6 месеци, а сега истата ја открива тајната на нејзиниот успех!
Лепа Брена безброј јавно говорела дека ниту таа не е имуна на борбата со вишок килограми и дека во текот на целиот живот имала потешкотии да ја одржува нејзината тежина. Во одреден момент ја достигнала совршената фигура, благодарение на која ги засенува и помладите колешки, а многумина се прашуваат како е тоа возможно, а еве го нејзиниот режим:
„Вообичаено јадев по едно или две јајца наутро. Внимавав истите да се органски. За ручек најчесто консумирав некаква посна супа без масти и фиде. Всушност тоа беше вода во која додадав да се сварат зеленчуци, но не ги приготвував целосно, со цел да ги зачувам нивните витамини. Моето секојдневно мени вклучуваше и малку месо, печено на скара или варено. За вечера вообичаено јадев парче риба или месо со салата.“ – вели пејачката.