Дали некогаш сте се запрашале зошто речиси 80% од  висококвалитетните јапонски и корејски прозводи против стареење се засноваат на оризовото брашно? Ова не е никаква случајност.

Оризовото брашно е најдобриот и најмоќниот помошник кога станува збор за зачувување и продолжување на младоста на кожата. Како лесна и безопасна состојка, ова брашно се користи од жените во Кина и Јапонија уште од древни времиња и затоа овие дами секогаш изгледаат како да го откриле еликсирот на младоста.

Покрај тоа што ефикасно ја измазнува текстурата на лицето, оризовото брашно помага и во избелување на темните дамки и освежување на целокупниот тен на лицето, ги затегнува порите, ги намалува воспаленијата, интензивно ја потхранува кожата и ја хидратира.

Домашна маска од оризово брашно за совршено лице

Потребни состојки

  • 2-3 супени лажици оризово брашно
  • 2 супени лажици густа кисела павлака

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги состојките до добивање на една соединета смеса. Добиената маска нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја да дејствува 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Оваа маска ќе ги затеге лицето и вратот и притоа ќе ја измазни нивната тесктура, давајќи им младешки изглед.