Со оваа смеса мувлата во домот исчезнува!
Масло од чајно дрво е едно од најмоќните средства во борбата против мувла во домот. Ова масло е одлично и за кожата и за каснувања од инсекти.
Потребни состојки:
200 мл вода
1 лажичка масло од чајно дрво
Шише за прскање
Постапка:
Во сад измешајте ги водата со маслото од чајно дрво.
Наполнете го садот за прскање и испрскајте на погодената област.
Маслото од чајно дрво не е штетно за луѓето и за животните. Нанесете толку често колку што е потребно и видете каков ќе биде резултатот. Мувлата ќе исчезне сама по себе. Најдобро е да се прска врз погодената област два пати на ден, додека мувлата и не исчезне.