Нашите баби се ослободувале од кашлицата секогаш на природен начин. Постојат повеќе домашни рецепти против кашлицата, но овој рецепт е еден од наједноставните.

Состојки:
– 1 до 2 листови зелка
– Мед

Подготовка:

Еден лист зелка се става во врела вода на неколку минути за да омекне. Откако ќе омекне го земате листот и едната страна ја мачкате со мед. Намачканата страна се става на градите. Врз листот ставете најлонско кесе, крпа или шал.

Доколку кашлицата е по интензивна, ќе користите два листа од зелка. Еден за градите а еден ќе го ставите на грбот. Облогите носете ги цела вечер а извадете ги наутро. Процесот повторувајте го една недела.