Со овој бабински трик веќе нема да видите дупка на вашите хулахопки- Најлесниот метод со кој ќе заштедите пари
Да си жена е навистина тешко- ги облекуваш новите хулахопки и однедаш тие се кинат! А скинатите хулахопки со дупки дефинитивно го унишуваат целокупниот надворешен изглед.
Затоа речиси секоја жена сонува да се измислат хулахопки, кои нема да се кинат, но за жал, тоа е само една убава фантазија. Но, без грижи! Во продолжение ви откриваме трик како на лесен начин вашите хулахопки нема да се кинат толку лесно, ниту толку често, благодарение на што ќе заштедите и нерви и пари.
Трик за беспрекорен изглед на хулахопките
Едноставно поставете ги хулахопките во замрзнувачот! Иако ова на прв поглед ви делува како апсолутно бесмислена идеја, едноставно пробајте и ќе се изненадите.
Веднаш штом ќе купите нов пар на хулахопки, малку намокрете ги истите и поставете го во најлонски плик, кој е потребно да го складирате во замрзнувачот.
Откако целосно ќе бидат замрзнати, извадете ги и размрзнете ги.
Зошто овој трик е ефикасен?
Процесот на замрзнување ги зајакнува најлонските влакна на хулахопките, благодарение на што се продолжува животниот век на ова модно парче.