Со овој хороскопски знак живеењето заедно е неподносливо, a eве и зошто!
Живеењето со некого не мора да биде толку лошо Покрај тоа што ќе споделите простор, драгоцен кислород и најверојатно половина од вашата гардероба со друга личност, за возврат ќе добиете дружење, половина од нејзината гардероба и сигурност дека барем некој ќе забележи ако ве нема дома подолго време.
Сепак, животот со одредени луѓе понекогаш прави повеќе штета отколку корист и ако треба да се верува во астрологијата, тоа може да зависи од тоа во кој хороскопски знак е роден некој. Така според астролозите, овој хороскопски знак го прави живеењето заедно едноставно невозможна мисија:
1. Близнаци
Близнаците не се чувствуваат виновни кога позајмуваат облека од вашиот плакар без никакви прашања, и најверојатно ќе го украдат вашиот дечко или девојка и ќе озборуваат зад грб со други цимери. Сепак, со Близнаците никогаш нема да биде досадно бидејќи тие се секогаш подготвени за забава и за ноќно излегување. Ако ја цените тишината и не сте тип кој сака забави и прекумерно дружење, животот со Близнаци може да биде вистински кошмар за вас.