Со овој вид на храна ќе заборавите што е тоа тахикардија и ќе го обновите здравјето на вашето срце
Меѓу многу народни лекови, понекогаш е многу тешко да се пронајде нешто навистина ефикасно. Навикнати сме да бидеме скептични кон ефектот на разни тинктури и рецепти, но понекоаш постојат и златни совети.
Еден таков златен совет зборува за морковите како совршен лек за срцето. Најдоброто е тоа што не мора да ги приготвувате, варите или слично, туку едноставно да ги исечете на половина и да ги консумирате така свежи.
Зошто се морковите важни за нашето срце
Морковите се сметаат за најдобрата храна за срцето, бидејќи ги содржат истите елементи како и срцевиот мускул- натриум, калиум и железо. Исто така и пектинот кој влегува во составот на овој зеленчук, активно допринесува за разградување на лошиот холестерол во крвните садови.
Дополнително, свежите моркови или сокот од истите ефикасно се бори и против:
- Недостатокот од важни витамини и анемијата
- Инфаркти
- Нарушувања на дигестивниот систем
- Очни заболувања
- Воспаленија на штитната жлезда
Истовремено, оние кои сакаат да ослабнат исто така треба да го вклучат чудесниот портокалов зеленчук во нивната диета, бидејќи морковите значително го намалуваат апетитот и го потикнуваат активното согорување на масните наслаги. Особено е корисно да се консумираат салати со моркови на празен стомак.