Со рок на траење до 6 месеци: Домашен прашок за перење од 4 состојки, со кој ќе заштедите многу
Ако грижливо водите сметка за домашниот буџет и барате лесни, едноставни и паметни начини како да заштедите повеќе, еве една извонредна идеја!
Австралиската блогерка Серина Бирд, која стои зад успешниот блог „Веселиот штедач“ го откри нејзиниот таен рецепт за домашен прашок за перење, со рок на траење дури до 6 месеци, а со кој ќе заштедите многу.
„Мојот рецепт ќе ја направи вашата облека мека, ќе ја зачува нејзината форма и притоа ќе мириса одлично. Рецептот е погоден и за перење на бебешката и детска облека“- вели Серина
Потребни состојки
- 1 сапун
- 1 шолја прашок за перење
- 2 шолји сода бикарбона
- 20 капки масло од еукалиптус или лаванда
Начин на подготовка
Најпрво изрендајте го сапунот, а потоа откако ќе завршите со тоа, сите состојки додадете ги во блендер. Откако ќе се добие фина смеса во форма на прашок, истата ставете ја во пластичен сад.
Во зависност од количината на облека што ќе ја перете и колку е истата нечиста, максиум Серина вели дека ќе ви биде потребна една супена лажица за едно перење т.е едно вклучување на машината за алишта.
„Можеби подготовката малку ќе ви одземе време, но нема да зажалите. Смесата во мојот дом знае да трае 6 до 7 месеци“-додава таа.