Со што да ги замениме јајцата и млечните производи во десертите, а вкусот да им остане ист
Во периодот кога започнуваат постите, се препорачува да се консумира храна без јајца, млечни и месни производи, па затоа секогаш е одлично да се знаат одредени кулинарски трикови за ваквите периоди.
За среќа, постои начин да се насладувате на вкусни десерти, притоа почитувајќи ги сите правила на постите, а денес ви откриваме и како може да го направите тоа.
Како да ги замените јајцата
Јајцата ја формираат структурата на тестото и во практика се единствената состојка која содржи природни згуснувачи, како и растворливи супстанци. Покрај тоа, јајцата може дополнително да ја збогатат воздушната текстура на тестото.
Трик бр. 1
Измешајте 1 супена лажица сомелени ленени семиња и 3 супени лажици вода. Добро измешајте ги состојки, а потоа складирајте ги во ладилник да отстојат 15 минути.
Трик бр. 2
Доколку треба да употребите неколку јајца за подготовка на колачи или мафини, тогаш пробајте да ги замените со созреани банани. Како замена на 2 јајца, неопходни ви се 110-120 грама банани. Измешајте ги бананите со масло за готвење во блендер.
Трик бр. 3
Полејте 1 кафена лажица сода бикарбона со 1 супена лажица оцет и веднаш додадете ја кон тестото.
Како да ги замените млечните производи
Благодарение на путерот, тестото станува влажно, слоевито и обемно. Најблиската алтернатива на путерот е маргаринот, особено во комбинација со пецивото.
Трик бр. 1
Како алтернатива на кисела павлака може да подготвите од ориз, сок од лимон, сол и растително масло. За таа цел, сварете го оризот во водата во сооднос 1:5. Следно измешајте ги сварениот ориз, сокот од лимонот и солта во блендер, истовремено постепено додавајте го и маслото/
За 1 шолја ориз ќе ви биде потребно 1 супена лажица сок од лимон, 1 кафена лажица сол и ¼ шолја растително масло.
Трик бр. 2
Посна алтернатива на кисела павлака може да се добие и од шолја сончогледови семиња, шолја филтрирана вода, 1 кафена лажица сол и 1 супена лажица сок од лимон. Пред подготовката, потребно е да ги потопите во вода сончогледовите семиња во рок од 6-12 часа. За тоа време, тие ќе омекнат и ќе го зголемат својот обем.
Следно поставете ги сите состојки во блендер и мешајте, до добивање хомогена смеса. За оваа постапка ќе ви бидат потребни 3-4 минути